Средба на Зоран Заев со Ваутер Пломп

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претседателката на Комисијата за евроинтеграции, Лидија Димова, денеска се сретна со Ваутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија во Р.Македонија, придружуван од Арлинда Идризи, сооветничка за политички и економски прашања.

На средбата е изразено очекување дека поставениот рок од 6 октомври за затворање на прашањата поврзани со изборното законодавство и кредибилен Избирачки список ќе се испочитува и дека нема да се чекаат последни рокови.

Заеднички е констатирано дека е потребна максимална одговорност околу преземените обврски од договорот 2 јуни / 15 јули, како единствен пат за обезбедување услови за фер и демократски избори и разврска на политичката криза.

-Исправени сме пред авторитарен режим. Од тие причини, СДСМ за прв пат презема чекор што не е во корист на големите поилитички партии, но е во интерес на земјата, а тоа е заложбата за една изборна едниница, рече претседателот Заев. Тој објасни дека на тој начин ќе се надмине неправедното вреднување на гласот на граѓаните кои живеат во Македонија и во странство, со тоа што сите гласови ќе се бројат во државава, а не како досега, за избор на пратеник во Македонија да се потребни до 8 000 гласови, а за пратеник од дијаспората и по 400 гласови.

На средбата стана збор и за очекувањата од ефективна работа на Специјалното јавно обвинителство и потребните капацитети на судството, низ независни процедури да се затвори скандалот со прислушувањето и делата коишто произлегуваат од него.

Амбмасадорот Пломп најави дека Холадија и Брисел одблиску ги следат случувањата во Македонија, а претседателот Заев му се заблагодари за помошта што и ја дава Холандија на Македонија во процесот на демократизација на земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?