Средба на Зоран Заев со Март Лаанеме

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик претседателката Радмила Шекеринска, денеска се сретнаа со потсекретарот на Министерството за надворешни работи на Република Естонија, Март Лаанеме, придружуван од амбасадорот на Естонија во Република Македонија, Арти Хирпус.

„На средбата се разменија мислења за актуелната состојба во земјава и можностите за изнаоѓање решение од длабоката политичка криза.

Претседателот Заев се заблагодари за поддршката од Естонија за Република Македонија и изрази очекување дека Европската унија позасилено ќе се вклучи во процесите за изнаоѓање излез од длабоката криза“, велат преку соопштение, од СДСМ.

Zaev sredba

„Објавувањето на Вистината за Македонија ги покажа сите слабости на системот, поклопеноста на институциите од партијата на власт и нивната нефункционалност, целосната контрола врз судството, медиумите, непочитувањето на основните човекови права и слободи. Објавени се сериозни докази за криминал и корупција во самиот врв на власта а партизираните правосудни органи не преземаат ништо. Вредностите на едно минимум демократско општество се урнати и потребно е повторно да се изградат“ рече Заев.

Претседателот потенцираше дека враќањето на слободата и демократијата во Република Македонија широко ќе ја отвори можноста за враќање на европските вредности и европската перспектива на земјава.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски