Средба на Зоран Заев со Астрид Торс

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Дескоска Треневска попладнето се сретнаа со високата комесарка за национални малцинства при мисијата на ОБСЕ, Астрид Торс. Една од темите на состанокот беше актуелната политичка ситуација во Македонија.

На средбата беше констатирано дека забелешките од последниот Извештај на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР нотираат сериозни проблеми во изборниот процес, пред се во делот на преклопување на државата и партијата.

Високата комесарка за национални малцинства се интересираше за следните политички чекори на опозицијата, по одлуката за неучество во Парламентот и за решенијата што ги предлага СДСМ за излез од политичката криза.

Претседателот Заев посочи дека системската контрола воспоставена од власта ја узурпира волјата на гласачите и со тоа оневозможува фер и демократски изборен процес и дека е потребно враќање на демократските институции и процеси во државата.

Нормална држава во којашто владеат правото и меѓуетничкиот соживот, се потреба на сите граѓани и во тој правец работи СДСМ како сериозен политички фактор во државата, рече претседателот Заев.

На средбата стана збор и за потребата од развој на меѓуетничките односи во земјава во духот на соживотот и меѓусебно разбирање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски