Средба на Жерновски со Жбогар

Од:

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија Андреј Жерновски, денеска оствари средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија Самуел Жбогар, на која како што информираат од МНР било разговарано за евроинтегративниот процес на Македонија.

На средбата, како што велат од МНР, било потенцирано дека членството во Европската унија останува врвен приоритет и дека по објавувањето на Стратегијата, повторувањето на препораката од ЕК за отпочнување преговори со ЕУ и заклучоците од Самитот ЕУ-ЗБ во Софија, се вратила европската перспективата на регионот, со што се предвидува поблиска и поинтензивна соработка помеѓу Европската Унија и земјите – кандидати.

Во контекст на европските интеграции на Република Македонија, Жерновски истакнал дека единствената пречка е конечно отстранета. Долготрајниот спорот за името со Грција конечно се затвори при што договорено е заемно прифатливо име од двете земји и искажа очекување на претстојниот ЕУ Самит да биде донесена одлука за доделување на датум на Република Македонија за отпочнување претпристапни преговори, се вели во соопштението од МНР.

Амбасадорот Жбогар го поздравил договорот постигнат за изнаоѓање заемно прифатливо име од двете страни и истакнал дека Европската унија и натаму ќе продолжи со својата поддршка во процесот на пристапување на Република Македонја во Унијата. Во тој контекст посочил дека успехот да се добие датум за отпочнување преговори нема да биде успех само за земјата, туку е и успех на сите чинители во Унијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани