Средба на заменик министерот Жерновски со ко-известителите за РМ на Комитетот за мониторинг на ПССЕ

Од:

Денеска, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, оствари средба со ко-известителите за Република Македонија на Комитетот за мониторинг на ПССЕ, г-а Лисе Кристоферсен (Норвешка, СОЦ) и Валериј Гилетчи (Молдавија, ЕНП), кои во рамките на редовните активности на својот мандат се во посета на Македонија.

Жерновски информираше за актуелните политички состојби во Македонија и реформските процеси во земјата. На интерес на ко –известителите, тој ги претстави моменталните актуелности и идните чекори поврзани после потпишување на Конечниот договор за надминување на разликата околу прашањето на името со Р. Грција.

Ко–известителите Кристоферсен и Гилетчи поставија прашања околу идните преземања во реформите во Македонија.

Во тој контекст, заменик министерот Жерновски информира дека после успешното имплементирање на Акцискиот план 3-6-9, Владата го донесе новиот План 18 кој претставувавa продолжение на реформската агенда кој се базира на наодите во последниот Извештај за напредокот на ЕК. Посебно се задржа на областите на: реформите во судството, активностите кои се планираат за подобрување на слободата на медиумите и правото на слобода на изразување, реформите на администрацијата, преземањата во поглед на реформите на полицијата и механизмите за надворешна контрола на нејзината работа и др.

Заменик министерот за надворешни работи, Жерновски го повтори задоволството од вкупната соработката со Советот на Европа, и определеноста на Владата за целосно имплементирање на обврските на нашата држава за исполнувањето на стандардите на Советот на Европа во однос на владеењето на правото, демократијата и човековите права, кои се од клучно значење и интерес на граѓаните на земјата, но за побрзото интегрирање Република Македонија во европските и евро–атлантските институиции.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија