Жерновски-Коблер: Австрија гласен поддржувач на евроинтеграцијата на Македонија

Од:

Денеска, заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер.

Соговорниците ја потврдија одличната билатерална соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, со акцент на гласната и активна поддршка на Австрија кон евроинтегративниот пат на нашата земја со надеж дека Република Македонија ќе ги отпочне пристапните преговори со Унијата за време на претстојното австриско претседавање со истата, односно од јули 2018 година.

Заменик министерот Жерновски информираше за приоритетните реформски активности на Владата, како и за преземените активности насочени кон добивање на конкретен датум за отпочнување на преговорите со Европската Унија.

Амбасадорката Коблер ја потврди континуираната активна и гласна поддршка кон Република Македонија во насока на остварување на амбициите на Република Македонија за членство во Европската Унија и изрази надеж дека Македонија ќе ги отпочне преговорите со Унијата на претстојниот Самит на Европската Унија. Го поздрави брзиот напредок на македонската Влада во спроведувањето на потребните реформи и преземените активности за решавање на билатералните прашања со соседите.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија