Средба на замениците министри за надворешни работи на Македонија и на Унгарија

Од:

Македонскиот заменик министер за надворешни работи Драгана Кипријановска, денеска се сретна со заменик министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој престојува во посета на Република Македонија, по повод официјалното отворање на Унгарска Трговска Куќа во Скопје, соопшти МНР.

На средбата е констатирано дека Македонија и Унгарија имаат одлични односи и плодна соработка и дека двете земји остануваат посветени на јакнењето на меѓусебните односи и продлабочувањето на соработката, посебно во сферата на економијата.

Кипријановска го поздрави отворањето на Унгарската Трговска Куќа во Скопје и посочи дека тоа претставува уште еден чекор во насока на стимулирање на бизнис контактите и приближување на бизнис заедниците од двете земји.

Кипријановска и Сијарто исто така се осврнаа на европската и евроатлантската интеграција на Македонија, при што од македонска страна е искажано високо уважување за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија во овој контекст, се наведува во соопштението од МНР.

– Најефикасната развојна перспектива за нашата држава ја гледаме во интеграцијата во ЕУ и НАТО. Колку долго ќе трае процесот на зачленување во овие организации не знаеме. Она што го знаеме е дека остануваме посветени на исполнувањето на неопходните критериуми, на спроведувањето на реформите, на јакнењето на добрососедските односи и на соработката со сите земји членки, истакнала Кипријановска.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија