Средба на Заев со висока делегација на Европската зелена партија

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на Европската зелена партија предводена од пратеникот во Европскиот парламент, Реинхард Бутикофер.

На средбата, соопшти СДСМ, се зборувало за актуелната политичка состојба во Република Македонија и демократските предизвици со коишто се соочува земјава.
Заев го информирал европратеникот Бутикофер за текот на разговорите во рамки на работните групи, согласно превземените обврски од договорот од 2-ри јуни/15-ти јули.

Тој го поздравил ангажманот на Европскиот парламент во разрешување на политичката криза во Македонија и потенцирал дека СДСМ ќе продолжи да дејствува внимателно и фокусирано на исполнување на сите компоненти од договореното.

Европратеникот Бутикофер посочил дека имплементирањето на препораките од Европската унија, особено оние содржани во Извештајот на експертската група на ЕК предводена од Прибе, се корисни за државата и во насока на демократизација на земјата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната