Средба на Заев со граѓанскиот еколошки сектор: Се работи на решенија за Југохром и за дислокација на депонијата во Тетово

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и од министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, денеска се сретна со претставници од невладината организација Еко Герила, претседателот Аријанит Џафери, придружуван од членовите Мерита Максути и Надњим Мехмети.

Тема на состанокот беа еколошките состојби во Тетово, а посебен акцент е ставен на фабриката Југохром и на депонијата во Тетово.

Премиерот Заев соопшти дека Владата е сериозно посветена на решавање на двата проблема.

Претседателот на Владата, Заев, информираше дека се работи на решение за дислокација на депонијата во Тетово и дека ова прашање за брзо време ќе се најде на владина седница. Исто така и дека Владата е сериозно посветена на решавање на проблемот со депониите во целата држава, коишто претставуваат сериозни загрозувачи на здравјето на граѓаните и на животната средина.

Во врска со Југохром, со претставниците на невладината организација беше разговарано за можните начини на решавање на прашањето со фабриката којашто сега не работи поради ненавременото решавање на ова прашање и необезбедените, а потребни еколошки филтри за заштита на животната средина, поради што вработените останаа без работа.

Премиерот Заев и претставниците од Владата соопштија дека во пристапот за изнаоѓање решение ги земаат предвид и еколошките и егзистенцијалните потреби на граѓаните. Најавено е дека прашањето ќе се решава со писмени гаранции за преземени обврски од сите засегнати страни, по заокружување на консултациите со сите.

Досега веќе е разговарано со претставници на синдикатот на вработените во фабриката Југохром, како и со менаџментот, по што Владата од денеска влезе и во консултации со граѓанскиот еколошки сектор.

Премиерот Заев на средбата соопшти дека Владата со сериозна посветеност ќе пристапува кон сите важни прашања за граѓаните, меѓу кои е нивното здравје, заштитата на животната средина, како и егзистенцијата на луѓето и развојот на економијата во државата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски