Средба на Заев со амбасадорот на Норвешка Бјорнстад

Од:

Изборниот процес, спроведувањето на реформите утврдени во програмата на Владата и Планот 3-6-9, како и тековните активности во процесот за членство на Република Македонија во НАТО биле теми на разговор на денешната средба на премиерот Зоран Заев со амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија, Арне Санес Бјорнстад.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев, на амбасадорот Бјорнстад му пренесе дека се преземени сите неопходни активности за да се оневозможат изборни нерегуларности или манипулации. Шефот на Владата, се додава, особено нагласи дека се осудуваат и ќе бидат осудени сите форми на насилство во изборниот процес, и дека се повикани сите политички субјекти, учесници во спроведувањето на изборите, да се воздржат од каква било активност, која може да нанесе дамка на изборите.

– Владата и надлежните институции ќе имаат пристап на нула толеранција за евентуални обиди за прекршувања во изборниот процес, и никој не треба ниту да помисли да си поигрува со волјата на гласачите, изјави премиерот Заев на средбата со норвешкиот амбасадор.

Владата на Република Македонија, додаде премиерот, создаде услови за слободни и демократски избори, во кои граѓаните слободно, и без притисок, ќе го исполнат своето избирачко право.

Амбасадорот Бјорнстад, пак, се наведува, во разговорот со премиерот Заев истакна дека Норвешка со задоволство го следи позитивниот развој во остварување на реформите во Република Македонија, и изрази надеж дека тие ќе продолжат со најавената динамика.

Премиерот Заев, се посочува, го увери амбасадорот дека предвидената стратегија за реформи и нивното остварување е од важност, како за градење на демократскиот амбиент во земјата, така и заради постигнување на стандардите за членството на нашата земја во ЕУ и НАТО.

Во однос на остварување на зацртаните обврски на Република Македонија за членство во НАТО, премиерот Заев, се наведува, го информираше амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија, дека земјата со засилен интензитет работи да ги исполни сите услови и дека во наредните години ќе се зголемува и ставката на буџетот за АРМ, согласно стандардите на Алијансата.

– Во насока на исполнување на НАТО стандардите, со дипломатските акивностите на меѓународен план, особено во односите со соседите и со земјите во регионот, Република Македонија покажа дека е посветена на унапредување на регионалната соработка и на добрососедските односи. Со проактивната улога и со позитивниот пристап, се остваруваат резултати со кои се решаваат многу отворени прашања, истакна Заев, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи

ВМРО-ДПМНЕ: Владата води грижа за сите, зголемува плати и пензии, го помага стопанството

Горан Наумовски

По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Владата засега не е расположена за зголемување на минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата