Средба на вицепремиерот Османи со унгарскиот амабасадор Иштван Дукс

Од:

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи денеска имаше средба со унгарскиот амбасадор Ласло Иштван Дукс на која се разговарало за Итните реформски приоритети, содржани во Планот 3-6-9 на Владата, чија реализација е во тек, соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП).

Вицепремиерот Османи, во контекст на поддршката на евроинтегративниот процес, истакна дека Унгарија е еден од најактивните поддржувачи на Македонија во овој процес.

– Оваа Влада ќе биде проактивна и посветена на евроинтегративните процеси, но, соодветно на успешниот процес на имплементацијата на преземените обврски, Владата очекува и конкретни чекори од страна Унијата во насока на забрзување на овие процеси. Поради тоа ни се потребни што повеќе пријатели помеѓу земјите членки на ЕУ, спремни да помогнат во овие наши напори, рече Османи. Додаде дека валоризацијата на напорите на земјата би претставувало значаен импулс и поттик за уште поголема посветеност кон евроинтеграциите.

Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Османи истакнал дека покрај континуираното унапредување на политичките односи меѓу двете земји, покрај директната помош на Унгарија во спречувањето и контролата на мигрантската криза, значителна е и тесната соработка помеѓу администрациите воспоставена во рамките на договорната соработка, од аспект на искористување на унгарската експертиза во евроинтегративниот процес. Во таа смисла, стои во соопштението, Македонија гледа на Унгарија како на земја – пријател и поддржувач на евроинтегративните процеси на земјава.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски