Средба на вицепремиерот Адеми со Винченцо Амендола, државен потсекретар за надворешни работи на Италија

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми денеска остварил средба со Винченцо Амендола, државен потсекретар во Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија, на која изразиле задоволство од досегашната соработка меѓу Македонија и Италија.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), на средбата се разговарало за Берлинскиот процес и претстојниот самит на земјите од Западен Балкан во Трст, за актуелната политичка ситуација во земјата, како и за евроатлантските перспективи на Република Македонија.

– Вицепремиерот Адеми ја поздрави позицијата на Италија за континуираната и безрезервна поддршка за процесот на проширување и нашето членство во ЕУ, како и ставот на Италија дека сите земји од Западен Балкан треба да се приклучат кон ЕУ, час поскоро. Адеми истакна дека проектите финансирани од ЕУ за поврзување, особено во транспортот и енергијата, кои се од суштинско значење и за развојот на нашата економија, треба да се прошират и на Македонија, информира СЕП.

Адеми побарал поддршка од Италија за напорите за пристапување на Македонија во Јадранско-јонскиот регион и стратегија, потврдувајќи го, како што се наведува во соопштението, регионалниот аспект и целосната вклученост на земјата во трансевропските програми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски