Средба на Тунтев со Вајгл, Кукан и Флекенштајн

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Томислав Тунтев денеска имаше средба со пратениците од Европскиот парламент Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан.

На средбата, како што се наведува во соопштението, се разговарало за повеќе прашања, а во фокусот на разговорите бил напредокот на политичкиот дијалог во Собранието и потребата за вклученост на сите парламентарни групи.

– Соговорниците посебно внимание посветија на актуелните процеси во Собранието на Република Македонија, особено на потребата од непречено функционирање на работата на Парламентот во наредниот период и пакетот закони што се планира да биде усвоен, стои во соопптението од СДСМ.

Координаторот Тунтев изразил особена благодарност до европските пратеници за интересот што го покажуваат за работата на Собранието на РМ и изразил надеж дека Република Македонија и понатаму ќе има меѓународна поддршка за унапредување на демократските процеси во земјата, спроведувањето на потребните реформи и интеграција во ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски