Средба на Ташевска-Ременски со регионалната директорка на UN Women за Европа и Централна Азија

Од:

 Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски денеска се сретна со регионалната директорка на UN Women за Европа и Централна Азија, Ингибјорг Солрун Гисладотир.

На средбата, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, се разговарало на повеќе заеднички теми како што се можностите за идни соработки во доменот на еднаквите можности, за искористувањето на ИПА фондовите кои стојата на располагање на Република Македонија со цел јакнење на капацитетите и механизмите кои работат на прашањето на родовата еднаквост како на национално така и на локално ниво. Била истакната и важноста на родово одговорното буџетирање.

Двете соговорнички се задржале на прашањата поврзани со размената на добрите практики и искуства,  како и јакнење на соработката помеѓу земјите кандидатки за влез во Европската унија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната