Средба на Шекеринска со Петерле

Од:

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекериска, придружувана од претседателката на Комисијата за европски прашања Лидија Димова, денеска се сретна со делегација на Мешовитиот парламентарен комитет РМ – ЕУ, копретседавачот Алојз Петрле и замениците копретседавачи Сергеј Станишев и Ангел Џамбаски.

Тема на состанокот беа договорот од 2 јуни/15 јули и предизвиците за реализација.

-Договорот меѓу власта и опозицијата е појдовна точка кон создавање услови за фер и регуларни избори. Но, за тие да се случат важна е имплементацијата на договореното. Тимови на СДСМ на СДСМ посветено работат на сите критични точки, медиумите, правосудството и новиот закон за специјален јавен обвинител, Избирачкиот список, изборното законодавство, на механизмите за враќање на улогата на регулаторните тела во фунцкија на граѓаните, а не на партијата на власт, рече заменик претседателката Шекеринска.

Таа посочи на двојното одложување на состанокот на работна група на опозицијата и власта, на барање на партијата на Груевски и соопшти дека СДСМ нема да толерира одложувања, каква што тенденција има.

Ваквата пракса не оди во функцина на реализација на обврските на четворицата потписници, преземени со договорот.

Заменик претседателката Шекеринска изрази благодарност за улогата што ја имаа тројцата европски пратеници во преговарачкиот процес којшто финишираше со договор.

Потенцирано е дека Европската унија ќе ги набљудува внимателно процесите во Македонија во функција на враќање на демократските институции и слободни избори во април.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он