Средба на Шекеринска со амбасадорот на Финска

Од:

Актуелната политичка ситуација во Македонија беше главна тема на разговор помеѓу заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и амбасадорот на Финска за Македонија, Тимо Рајакангес.

Амасадорот Рајакангес ја споделува загриженоста изразена во Извештајот на Европската Комисија за состојбата со контролираните медиуми и институции во земјава, од страна на власта. Финскиот амбасадор се интересираше за капациетите за надминување на сериозните предизвици низ коишто минува Македонија како и за иднината на државата како демократско општество.

Заменик претседателката Шекеринска посочи на нерегуларниот изборен процес, притисоците врз медиумите, администрацијата, врз бизнис секторот и на системската контрола на власта како принцип на владеење, поради што пратениците на опозицијата не ги прифатија мандатите.

-Остануваме надвор од Парламентот, фокусирани сме на Стратегијата и на воспоставување партнерски однос со граѓаните кои трпат последици од ваквиот начин на владеење. Поради сите состојби на контролирани медиуми, мешање на партијата со државата, фантомски гласачи во Избирачкиот список, спроведување селективна правда, констатирано и од страна на Европската комисија, бараме решенија за овие проблеми и практични гаранции дека тие ќе се спроведат, што ние предлагаме да се реализира преку техничка влада што ќе ги организира и спроведе следните избори, рече заменик претседателката Шекеринска.

На средбата стана збор и за економската ситуација во Македонија и за предизвиците со коишто се соочени државата, фирмите и граѓаните. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски