Средба на раководството на СДСМ со Овен Џенкинс

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и потпретседателот Дамјан Манчевски, попладнето имаа средба со Овен Џенкинс, директор и шеф на одделот за проширување na Западен Балкан, како и со амбасадорот на Велика Британија во Р.Македонија, Чарлс Гарет.

Политичката криза во Македонија и меѓуетничките односи беа главни теми на средбата.

Дипломатот од Лондон, Џенкинс, рече дека важно за иднината на Македонија и граѓаните е враќање на демократските процеси во нормален колосек, со цел создавање можност за решавање на сите други проблеми во државата, со судството, медиумите, борбата со корупцијата, евро-атланската перспектива на земјата.

Претседателот Заев посочи дека Социјалдемократскиот сојуз како најголема опозициска партија дејствува на висина на својата одговорност кон граѓаните на Република Македонија и државата.

-Токму поради нарушената доверба во институциите и во насока на препораките на ОБСЕ/ОДИХР за обезбедување на слободната волја на избор на граѓаните, СДСМ бара разговори за сите 5 теми што и се веќе познати на јавноста. Клучно во таа насока е обезбедувањето гаранции за практична реализација на договореното, рече претсеадтелот Заев.

Претставниците на Велика Британија и раководството на СДСМ се согласија дека Република Македонија се наоѓа пред големи предизвици и дека од интерес на сите граѓани е сите отворени прашања да бидат решени низ политички дијалог.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски