Средба на раководството на СДСМ со директорот на Директоратот на ЕУ за Западен Балкан, Едвард Ауер

Од:

Претседателот Зоран Заев, заменик претседателката Радмила Шекеринска и претседателката на Комисијата за европски прашања Лидија Димова, денеска во седиштето на партијата се сретнаа со Едвард Ауер, директор на Директоратот на ЕУ за Западен Балкан.

Тема на разговорот беше актуелната политичка криза во Република Македонија.

zaevEdvardAuer (1)

Дипломатот од ЕУ се интересираше за шансите за дијалог помеѓу власта и опозицијата.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го пренесе ставот на  партијата и на членството за неучество во Парламентот и ја објасни потребата на државата за отворање на 5-те теми што ги предлага СДСМ како излез од ситуацијата по нерегуларните двојни избори.

zaevEdvardAuer (3)

-Имаме широка и непоколеблива поддршка од граѓаните на Македонија, дека опозицијата треба да опстои на донесените ставови. Тоа го покажаа сите масовно посетени трибини досега што ги имавме, на коишто разговараме со граѓаните за проблемите во државата. Инсистираме на договор на механизми што ќе обезбедат практична гаранција на се што евентуално ќе се договори. Имаме цврсти аргументи, зошто оваа власт нема легитимитет повеќе самостојно да организира избори. СДСМ како одговорна партија има обврска да ја врати слободата и демократијата во Македонија, соопшти претседателот Заев.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема