Средба на претставници од македонското и српското МНР

Од:

Министерството за надворешни работи информира дека биле одржани возвратни политички консултации во српското МНР на кое учествувале ржавниот советник за Југоисточна Европа при македонското министерство, Билјана Глигорова и помошникот министер за билатерални прашања на Србија, Горан Алексиќ.

На средбата биле разгледани поголем број прашања од билатералните односи, како и унапредувањето на економската соработка, регионалната соработка, како и актуелните состојби во регионот. Потврдена била и „одличната соработка, заедничките и блиските цели во надворешната политика, особено во рамките на развивањето на добрососедските односи и евроинтеграциските процеси.

Притоа од македонска страна бил предаден усогласениот текст на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија во контекст на процесот на пристапување во Европската унија- информираат од македонското МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија