Средба на претседателот на Здружението на судиите Саити со амбасадорот Жбогар

Од:

Во насока на континуираната соработка со Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, претседателот на Здружението на судиите на Македонија Џемали Саити, придружуван од потпретседателката – судија Емилија Шопар Јованова, претпладнево оствари средба со шефот на Делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар.

На средбата, како што е наведено во соопштението од Здружението на судии, соговорниците разговарале за моменталните предизвици во судството и идните чекори.

Во таа насока, Саити го информирал амбасадорот Жбогар за тековните активности и приоритетите на Здружението во однос на најавените реформи во судството. Акцентот бил ставен на потребата од вклучување на Здружението во овие активности, како рамноправен партнер на сите останати чинители.

Амбасадорот Жбогар изразил задоволство од досегашната соработката, истовремено поддржувајќи ги активностите на Здружението во насока на подобрување на статусот на судиите и градење на релевантни механизми за владеење на правото.

Соговрниците, како што е наведено во соопштението, заклучиле дека идните реформски активности треба да бидат транспарентни и во овој процес да се вклучат сите релевантни фактори на правосудсниот сектор.

Би можело да ве интересира

Саити: Не сметам дека имаме неквалитетни одлуки, но сигурно недовербата нешто детектира во однос на нашето работење

Агелер: Притисоците врз судската власт мора да престанат, судиите мора да бидат ослободени

Орце Костов

ГРЕКО бара испитување на имотот на пратеници и судии, како и правила за подароци за обвинителите

Орце Костов

Ние сме мала земја со многу јавни тајни и малку разрешници, кажа Грковска на дебата за Законот за конфискација

Дамева: Судии одат на увид со возила на странки, недолично е и отвора сомнеж за пристрасност

Орце Костов

Адеми не отиде во Судски совет: „Политички притисоци во судството има и тоа го потврдуваат и меѓународни институции“

Александар Тодески