Средба на премиерот Заев со добитничката на Нобеловата награда за мир Уидед Бушамауи

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска оствари средба со добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, Уидед Бушамауи.

Поздравувајќи ги напорите и заложбите за промени во нејзината земја, Тунис, Премиерот Заев, истакна дека г-ѓа Бушамауи е пример за тоа дека искрените заложби за промени во едно општество не се залудни.

Имајќи ги предвид долгогодишните ангажмани и заложбите за возобнвување и помирување на Туниското општество, Премиерот Заев и г-ѓа Бушамауи во текот на средбата разговараа и за искуствата на нобеловката Бушамауи во обновувањето на општеството после преживеаните кризни времиња, зајакнувањето на капацитетот на институциите, предизвиците во привлекувањето на странски инвеститори, мултикултурализмот, влијанието на квалитетот на образованието и отворањето на нови работни места, како неопходни фактори во градењето постабилно општество.

Бушамауи, во текот на средбата ја нагласи и важноста од прифаќањето на различностите, еманципацијата на жените во општеството и меѓусебниот дијалог како клучни за зачувувањето на демократијата, и социјалната стабилност, за граѓаните да можат да добијат подобар живот и посигурна иднина.

Осврнувајќи се на својот придонес во возобновување на Туниското општество таа кратко рече „ние се обединивме за иднината на Тунис и успеавме таму каде што политичарите не успеаја“.

Во текот на средбата, премиерот Заев и г-ѓа Бушамауи, која меѓудругото била и прва жена претседател на стопанската комора на Тунис се согласија дека оваа средба е одлична можност за идна комуникација за натамошни иницијативи за проширување на соработката помеѓу Република Македонија и Тунис.

Г-ѓа Уидед Бушамауи е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2015 година во конкуренција на 273 кандидати.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните