Средба на премиерот Груевски со претседателот на ПССЕ Мињон

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Жан Клод Мињон. На средбата присуствуваше и Роберт Валтер, известител на ПС на СЕ за нашата земја.

Како што соопшти кабинетот на претседателот на Владата, на средбата беше разговарано за реформите кои се спроведуваат во Република Македонија, соработката помеѓу нашата земја и Парламентарното собрание на Советот на Европа и европската и евроталантската интеграција на Република Македонија, при што беше истакната досегашната позитивна соработка помеѓу двете страни.

Премиерот Груевски ја потенцираше реформската агенда, истакна дека Република Македонија активно партиципира и е посветена на исполнување на обврските преземени при приемот во СЕ и се осврна на активната соработка на нашата земја со меѓународните организации и нивните тела на полето на реформите.

Претседателот Мињон ја истакна поддршката која Советот на Европа ја дава на нашата земја и го истакна интересот за продолжување и унапредување на партнерските односи и дијалогот во заеднички интерес.

Беше разговарано и за Извештајот на ПС на Советот на Европа, за реформите кои се спроведуваат и за постигнатиот напредок во повеќе сфери, како и за мерките и активностите кои се преземаат за надминување на детектирани предизвици во насока на нивно надминување и достигнување на европските стандарди.

На средбата стана збор и за европските и евроатлантски интеграции на нашата земја, за реализацијата на приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво помеѓу Република Македонија и Европската Унија и преземените обврски, како и за поедини аспекти кои имаат влијание на реализацијата на нашата европска и евроатлантска агенда.

Соговорниците афирмираа дека и во идниот период низ процес на заедничка соработка и реализација на проекти ќе се работи на унапредување на процесите и стандардите и ќе продолжи меѓусебната комуникација и активизмот во заеднички интерес.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он