Средба на премиерот Груевски со катарскиот колега Ал-Тани

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски попладнево ќе оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи на државата Катар шеик Хамад бин Џасим бин Џабир Ал-Тани.

Официјалниот пречек на премиерот Џабир Ал-Тани ќе се одржи на платото пред Владата, соопшти владината прес-служба.

Тет а тет средбата помеѓу двајцата премиери ќе се одржи во Владата на Република Македонија, по што следуваат разговори на официјалните делегации на двете земји.

Предвидено е потпишување меморандуми за разбирање за соработка во областа на здравството меѓу владите на Република Македонија и на Државата Катар и меѓу Катарската комора и стопанските комори на Македонија.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба