Средба на премиерите на земјите од Западен Балкан во Виена, Заев го откажа учеството

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска во Виена органзира средба на премиерите на земјите од Запаен Балкан, на која ќе присуствуваат и еврокомесарите за проширување и за дигитално општество, Јоханес Хан и Марија Габриел.

Според најавата од Кабинетот на Курц, на средбата ќе присуствуваат премиерите на Албанија, Еди Рама, на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, на Косово, Рамуш Харадинај, на Србија, Ана Брнабиќ и на Црна Гора, Душко Марковиќ.

Македонскиот премиер Зоран Заев го откажа учеството на средбата во Виена поради актуелните политички случувања во земјата.

На собирот ќе се разговара за европската перспектива на Западниот Балкан, за регионалната соработка и за билатералните односи.

Предвидено е Хан да направи краток осврт на актуелните регионални случувања, Габриел да говори за напорите за дигитализација во регионот и за договрот за роаминг, а Курц да ги претстави плановите на Австрија за до крајот на нејзиното претседавање со ЕУ, по што премиерите од западнобалканските земји ќе можат да ги изнесат своите ставови за посочените теми.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат