Средба на пензионерите од Кочани и Центар-Скопје

Од:

Педесетина пензионери од Здружението на пензионери на Општина Центар-Скопје денеска престојуваа во посета на своите пријатели пензионери од општина Кочани. На средбата пензионерите од двата града разменија искуства од досегашното воспоставено пријателство, а договорија и средба во Скопје за денот на ослободувањето на градот – 13 ноември.

Денешната средба, како што изјави Павле Спасов, претседател на Здружението на пензионери од Општина Центар, е можност повеќе пензионерите од двата града да се дружат и да се договараат за наредни средби кои веќе стануваат традиционални, двапати годишно.

– Средбата во Кочани е знак на искреното пријателство што го имаме со пензионериоте од скопската општина Центар. Покрај дружењето, најуспешните пензионери спортисти ги одмерија силите во две спортски дисциплини, шах и стрелаштво, изјави Ѓорѓи Серафимов, претседател на пензионерите од Кочани.

Во рамките на заедничката средба беа проследени и неколку интересни содржини од програмата на годинашните Петровденски празнувања во Кочани.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Пензионерка остана без 17.000 евра – наседна на лажно ветување за заработка од криптовалути

А1он

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

МСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд