Средба на началникот на ГШ на АРМ, Величковски со Синдикатот на одбраната и безбедноста

Од:

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски денеска имаше средба со членовите на извршниот одбор на Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ),  на која стана збор за повеќе статусни прашања на припадниците на Армијата на Република Македонија.

На средбата со претставниците на СОБ, која е прва од назначувањето на генерал Величковски за НГШ, како што е наведено во соопштението, станало збор за прашања поврзани со примената на одредбите од Законите кои ја регулираат службата, работните односи и синдикалното делување во АРМ.

– Беше донесен заклучок преку заеднички активности да се работи на имплементирање на законските одредби кои се однесуваат на подобрување на повеќе статусни прашања, посебно во делот на зголемување на стандардот и условите за работа на целокупниот персонал во Армијата на Република Македонија, како и за изнаоѓање на решенија за повеќе отворени прашања поврзани со синдикалното делување, се вели во соопштението.
Генералштабот на Армијата на Република Македонија секогаш ги поддржува конструктивните предлози на СОБ кои се однесуваат на подобрување на условите за работа на припадниците на АРМ, а со тоа и подобрување на безбедноста на Република Македонија.
Состанокот, како што се вели во соопштението, се организира по барање на Синдикатот на одбраната и безбедноста  во кој голем дел на припадниците на Армијата на Република Македонија се синдикални членови.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација