Македонија има талентирани млади луѓе кои сакаат да станат офицери-лидери во вашата земја, но и одлично раководство на Армијата и Министерството за одбрана кое цврсто се залага за евроатланска интеграција, истакна денеска командантот на копнените сили на САД за Европа генерал-потполковник Фредерик Бен Хоџис по средбата со генерал-потполковник Методија Величковски во Генералштабот на АРМ.
Хоџис нагласи дека е импресиониран од талентираните млади луѓе коишто ги сретнал изминатите денови кои сакаат да станат лидери, офицери.
– Јас сум секогаш инспириран и со позитивно мислење за иднината при вакви средби. Ја давам мојата поддршка на Воената академија и на Македонија да ги развива младите луѓе да кои сакаат да станат лидери во вашата земја. Инспириран сум од началникот на АРМ, офицерите, министерот за одбрана и сите цивили кои работата во Министертството за одбрана бидејќи сите се заложуваат цврсто Македонија да продолжи по патот за евроатлантската интеграција и се надевам дека тоа на крајот ќе се постигне, рече Хоџис.
Тој истакна дека е горд на амбасадорот на САД во Македонија и персоналот на амбасадата за заложбите кои ги прават за влез на Македонија во НАТО алијансата.
Началникот на ГШ на АРМ Величковски рече дека со генерал Хоџис разговарале за досегашната, но и за понатамошна соработка во делот на едукацијата и тренинг вежбите за кои АРМ очекува поддршката од САД да продолжи и наредната година.
– Со гордост сакам да ве информирам дека учеството на нашите војници на вежбата „Анаконда“ оваа година, која беше помогната од армијата на САД, капацитетите, можностите и достигнувањата на нашите војницина и единици кои беа вклучени во самата вежба, беа високо оценети од генералот Хоџис. Тоао ми дава за право да кажам дека остануваме на истиот пат дека работиме во добар правец и дека конечно Македонија ќе го добие заслуженото место како рамноправен партнер во НАТО, истакна генерал Величковски.
Генералот Хоџис претходно се сретна со министрот за одбрана Зоран Јолевски, а попладнево ќе ја посети воената полиција при АРМ.