Средба на МОН и Одборот на родители од основното училиште „Лазо Ангеловски“

Од:

Средба меѓу Министерството за образование и наука и Одборот на родители од основното училиште „Лазо Ангеловски“ денеска има, потврдија од ресорното Министерство. Оттаму најавуваат информација по завршување на средбата.

Средбата е закажана по реакциите на родителите од ова училиште и основното училиште „11 Октомври“ во општина Центар каде третоодделенецот требаше да биде префрлен.

Откако родителите на учениците од „11 Октомври“ почнаа да ја бојкотираат наставата, а по повлекување на одлуката и негово враќање во матичното училиште „Лазо Ангеловски“, денеска празно остана и ова училиште.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера во изјава за медиумите рече дека случајот добил „преголема, непотребна и донекаде неправедна јавност, обем и јавна дискусија“.

– Сметам дека е пренагласена реакцијата на сите родители, но сметам дека и училиштата треба посериозно да ја сфатат работата во однос на децата кои имаат потешкотии во учењето или во однос на децата кои имаат потешкотии во однесувањето и социјализација во сопствената средина. Овој случај трае премногу, преземени се одредени мерки, па дури и МОН формирало комисија која се вмеша во решавање на проблемот. Препорачано е детето да ја промени средината. Ако стручни лица препорачале така, значи треба да ја промени средината, изјави Јаневска.

Училиштето од кое потекнува, рече, има на располагање стручна служба (педагог, психолог, социјален работник) и директор кои треба да го решат проблем. Нагласи дека „детето не може и не смее да остане на улица“ затоа што „секое дете има право на образование кое е задолжително“. Како што рече, „државата е должна, заедно со училиштата, да му овозможат на детето да поминува низ образовен процес“.

Би можело да ве интересира

Комисија ќе бара решение за третоодделенецот за кој имаше бојкот во две училишта

Јаневскa: Обезбедивме учебници за сите и материјали за предмети за кои воопшто немаше никакво помагало

Учениците ќе губат часови поради изборите: На 23 април и 7 мај училиштата ќе работат до 11 часот

A1on

Митева: Нови набавки во МОН за дигитални учебници без објавени наставни програми

ВМРО-ДПМНЕ: Укинати се стипендиите за студирање на најдобрите светски универзитети

15 посто повисоки плати во образованието договориле СОНК и Министерството за образование

Катерина Ѓуровски