Средба на министерот Димитров со Михаел Рот и Јан Хекер во Берлин

Од:

Во рамки на првиот ден од работната посета на Берлин, денес министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше средба со државниот министер при Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, надлежен за Европа, Михаел Рот.

На средбата се направи рекапитулар на актуелните состојби во Северна Македонија, регионот на Западен Балкан, како и на ниво на ЕУ во однос на дискусиите со новата методологија за пристапни преговори и изградбата на консензус меѓу земјите-членки за одлука за почеток на преговорите.

Притоа, министерот Димитров нагласи: „Во неколку наврати изминатава година и пол бевме исклучително блиску до постигнување успех и валоризација на заедничките напори за отворање ЕУ преговори со Северна Македонија. Доколку сакаме да се даде натамошно охрабрување на реформските процеси и да не дојде до поткопување на значајните достигнувања кои земјата ги постигна, како и да се сочува кредибилитетот и влијанието на ЕУ во Регионот, неопходно е да се зграби првата следна прилика за донесување на долгоочекуваната и заслужена одлука.”

Министерот Рот истакна: „Ја споделуваме разочараноста заради неможноста Северна Македонија да го направи заслужениот чекор напред. Ќе ги продолжиме заедничките напори за постигнување на оваа цел во одлучувачкиот период пред нас. Паралелно, фокусот да се задржи на ЕУ реформите дома.”

Исто така, министерот Никола Димитров се сретна и со Јан Хекер, советник за надворешна политика на Канцеларката Ангела Меркел. На средбата беше истакната недвосмислената поддршка на кабинетот на Канцеларката Меркел за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

Посетата на Берлин продолжува и утре, со учество на Втората средба од висок ранг на германско-француската иницијатива за сеопфатна контрола на мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, а предвидени се и средби на маргините на конференцијата. Воедно, министерот ќе земе учество и на работен ручек, организиран од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија