Средба на министерот Османи со новиот амбасадор на Словенија, Милан Предан

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи денеска ги прими копиите од акредитивните писма од новоназначениот амбасадор Милан Предан, со кои е именуван за вонреден и ополномошен амбасадор на Република Словенија во Република Северна Македонија.

„Дозволете да Ви честитам на преземањето на новата функција и секако да Ви посакам плодна работа и успешна соработка, која уште повеќе ќе ги зацврсти пријателските односи меѓу двете држави. Со Вашиот претходник – амбасадорот Милан Јазбец имавме одлична соработка, Ве уверувам дека и во периодот што претстои ќе ја имате целосната поддршка на Министерството за надворешни работи за да продолжиме да ги развиваме пријателските односи меѓу двете земји“, истакна Османи, потенцирајќи ја притоа благодарноста на Владата и на земјата, за исклучително несебичната поддршка и помош која Словенија ја обезбеди за време на првиот бран предизвикан од пандемијата Ковид-19.

Во рамките на средбата беше изразено задоволството од одличните билатерални односи и успешната соработка меѓу двете пријателски земји, а разменети беа и мислења за актуелните случувања и состојби во нашиот Регион.

Османи упати благодарност за континуирана поддршка што Република Словенија ја дава на Северна Македонија во процесот на евроатланска интеграција и за веќе полноправното членство во НАТО, напоменувајќи дека како земја – пријател, Северна Македонија смета на континуитет во поддршката од страна на Словенија и во однос на нашите ЕУ аспирации.

На средбата беа истакнати заемните заложби за натамошен развој и продлабочување на севкупните односи меѓу двете земји во сите областа од заемен интерес, кои веќе бележат високо ниво на соработка.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија