Одличната соработка помеѓу Македонија и Австрија во областа на одбраната беше тема на разговор меѓу министерот за одбрана Талат Џафери и авастрискиот амбасадор во Македонија, Томас Михаел Бајер на денешната протоколарна средба во Скопје.
На средбата, соопшти Мнистерството за одбрана, биле водени разговори за тековните активности, а воедно и разгледани можностите за идно унапредување на билатералната соработка помеѓу двете земји.
Република Австрија иако не е полноправна членка на НАТО, дава несебичната и целокупна поддршка во напорите на Македонија за целосно интегрирање во колективните безбедносни системи. Во таа насока од страна на австрискиот амбасадор беше истакнато учеството на Македонија како една од земјите лидери по број на учесници во мисијата ИСАФ во Авганистан и значителното учество во ЕБОП.
Амбасадорот го информирал Џафери дека Австрија планира да учествува во ЕУ БГ 2016 која ќе биде предводена од Германија и предложл Македонија да ја разгледа можноста за нејзино учество.
Министерот Џафери ја потенцирал посветеноста на Република Македонија кон унапредувањето на регионалната соработка и поддршка на регионалните иницијативи, особено со земјите соседи.