Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Израел

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Државата Израел, Дан Оријан.

Амбасадорот Оријан му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа. Тој ја потенцира поддршката за нашата земја од Државата Израел и изрази подготвеност за унапредување на соработката на полициите од двете земји, особено во областа на борбата против тероризмот и проблемот со мигрантите.

Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со Државата Израел и изрази уверување дека таа соработка ќе продолжи и во иднина, особено во спроведувањето на потребните обуки за зајакнување на капацитетите на МВР. Тој потенцира дека клучен приоритет е целосна реформа на полицијата, затоа што изминатиот период покажа дека има сериозни проблеми со непрофесионалното работење и партизирање на полицијата. Како резултат на тоа се случија скандалот со прислушувањето и настаните од 27 април, кои сериозно го нарушија интегритетот на МВР.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Добивме зелено светло да го нападнеме Либан

Лариџани: САД и Израел поттикнуваaт протести во Иран

Ал-Хути: Секое израелско присуство во Сомалиленд или во Сомалија ќе биде легитимна воена цел

Горан Наумовски

Владата на Сомалија го осуди Израел по признавањето на Сомалиленд: „Ќе преземеме сите мерки за да се одбраниме“

ИДФ: Извршен е воздушен напад врз терористички оперативец во Либан

Хамас: Израел го крши прекинот на огнот, целта е да се спречи преминот во втората фаза