Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Албанија

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Република Албанија Фатос Река, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Амбасадорот Река му посака на министерот Спасовски успешна работа во текот на неговиот мандат и ја потенцира поддршката што Република Албанија како соседна земја е подготвена да и ја даде на нашата земја и на Министерството за внатрешни работи. Амбасадорот на Република Албанија рече дека очекува да се интензивира соработката на министерствата од двете земји во борбата против криминалот, со цел да имаме стабилен регион. Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и поддршката од Република Албанија и потенцира дека очекува добра соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР