Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос

Од:

На маргините на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската унија, кој се одржува во Луксембург, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос.

– На средбата се разговараше за актуелниот статус на македонското ЕУ-досие, заемната посветеност за надминување на актуелните предизвици и неопходноста од забрзување на евроинтеграцискиот процес. Заеднички беше потврдена посветеноста на Владата кон реформската агенда и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, што претставува силна потврда за стратешката ориентација на државата и трасира кредибилен и веродостоен пат кон полноправно членство во ЕУ, соопшти Миистерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На средбата стана збор и за трагедијата што неодамна се случи во Кочани, при што министерот Муцунски изрази благодарност за поддршката што Европската унија ја покажа – како преку директната помош од земјите членки, така и преку брзото активирање на Европскиот механизам за одговор на кризи.

Во рамки на работната посета на Луксембург, на покана на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, министерот Муцунски вечерва ќе учествува на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, во формат на министри за надворешни работи на земјите-членки и земјите од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски во Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

А1он

Марта Кос: Мојата визија е дека еден ден целиот Западен Балкан да биде дел од нашата Европа

А1он

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат