Средба на министерот Маричиќ со претседателката на ДКСК Ивановска

Од:

Одговорноста на институциите во реформите во правосудството, унапредувањето на капацитетите на ДКСК за борба против корупцијата и исполнувањето на препораките на ГРЕКО, се само дел од темите за кои било разговарано на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска и Владимир Георгиев, член на ДКСК.

На состанокот, како што информираат од кабинетот на Маричиќ, се дискутирало околу одговорноста на институциите во реформите во правосудството, како и потребата за подобрување на соработката на институциите за водење на поуспешна превенција и активна борба против корупцијата.

Министерот Маричиќ, истакнал дека ќе има поддршка на Државната комисија за спречување на корупција во насока на унапредувањето на капацитетите за борба против корупција и посочи дека токму антикорупциската комисија е една од клучните институции во процесот на преговори со ЕУ. На средбата се дискутираше и околу исполнувањето на препораките од V- круг на ГРЕКО.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов