Средба на министерот Ќахил со италијанскиот амбасадор Ромео

Од:

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија Аднан Ќахил денеска се сретна со амбасадорот на Република Италија во Република Македонија Карло Ромео.

Италијанскиот амбасадор, како што соопштија од кабинетот на Ќахил, истакна дека во Република Македонија има голем број компании со италијански капитал и изрази уверување дека се можни и нови инвестиции.

Ќахил, пак, потенцирал, дека само со здрава економија може да се оформи здраво општество и ги претставил новите мерки од планот за економски раст.

– Новата Влада ги изедначува домашните и странските инвеститори. Среќен сум што за разлика од минатото, сега, државната помош нема никој да ја диктира. Капиталот и намерата на компаниите заинтересирани за инвестирање во државата ќе бидат клучните фактори во пресметувањето на субвенциите што ќе им бидат доделени, рекол Ќахил.

Истакнал и дека како министер задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, тој и неговиот кабинет ќе бидат сервис за подршка на компаниите, отворени за соработка со бизнис заедницата и подготвени за презентирање на можностите што ги нуди државата.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски