Средба на министерот Хани со раководителите на Центрите за регионален развој

Од:

Министерот за локална самоуправа Тахир Хани денеска во Битола оствари средба со раководителите на осумте Центри за регионален развој кои дејствуваат во исто толку плански региони во Република Македонија.

Координативниот состанок со раководителите на Центрите за регионален развој, потенцира минситерот Хани, е во функција на Националната стратегија за рурален туризам во Република Македонија.

– Поддржуваме зајакнување на улогата на регионалните центри во Република Македонија бидејќи претставуваат добар механизам за рамномерен регионален развој. Главното внимание го посветивме на Националната стратегија за рурален туризам и очекуваме Центрите да одиграат клучна улога во реализацијата на сите проекти предвидени со оваа стратегија, истакна министерот за локална самоуправа Тахир Хани.
На денешната средба во Б

итола чиј домаќин беше Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, раководителите на осумте центри за регионален развој со заедничка оценка дека кога заеднички дејствуваат поефикасно ги остваруваат своите цели.

– Нашите капацитет се големи и развиени и може да одговорат на тоа што го бара донаторската заедница, како и Владата преку своите министерства. Сите наши активности се во функција на исполнување на мисијата, односно намалување на диспаритетот во регионите во Република Македонија, како и намалување на диспаритетите внатре во секој регион меѓу општините, истакна Емилиа Ѓероска, директорка на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион со седиште во Битола.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски