Средба на министерот Џафери со норвешкиот амбасадор Камсвог

Од:

Министерот за одбрана Талат Џафери, денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Норвешка, акредитиран за Република Македонија, Нилс Рагнар Камсвог.

На средбата, како што стои во соопштението од Министерството за одбрана, соговорниците изразиле задоволство од одличната соработка помеѓу двете земји, особено во областа на одбраната и на безбедноста. Како што било истакнато, неоспорен факт за блиските релации помеѓу Република Македонија и Кралството Норвешка е и своевремено заедничкиот придонес во силите ИСАФ во Авганистан.

Министерот Џафери изразил голема благодарност кон Кралството Норвешка за отворената и континуирана поддршка за зачленување на Република Македонија во евроатлантските структури, како и за значителната поддршка за развој, увидена преку многубројните донации и помош за развој на регионалните капацитети и проекти.

Градењето на регионални капацитети, како и проектите кои се дел од концептот „паметна одбрана“, исто така биле дел од разговорите на министерот Џафери и амбасадорот Камсвог.

Во соопштението се истакнува дека двете земји својата соработка ја темелат на Меморандумот за разбирање и Плановите за билатерална соработка кои опфаќаат донации на телекомуникациска опрема, донации за проектот „Лепеза“, за Регионалниот тренинг-центар за комуникации, за Военомедицинскиот центар за обука и сл.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски