Средба на министерот Димитров со заменик министерот за европски прашања на Естонија Мати Масикас

Од:

Денеска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со естонскиот заменик министер за европски прашања Мати Масикас.

Средбата следеше по одржаните ЕУ консултации меѓу двете земји во Министерството за надворешни работи. На средбата се разговараше за евро-атлантската агенда на Република Северна Македонија и предизвиците на процесот на проширување на ЕУ во следните неколку месеци.

Министерот Димитров упати благодарност за континуираната поддршка на Естонија за европската перспектива на земјата. Во таа смисла, понуди кус осврт за текот на домашните реформи, нагласувајќи ја силната политичка заложба за натамошно интензивирање на реформскиот процес и испорака на нови крупни и видливи резултати во главните области. МНР Никола Димитров: „Очекуваме нашите напори да бидат валоризирани во јуни преку одлука која и формално ќе ги отвори вратите на пристапниот процес како клучна алатка за европска трансформација на земјата и платформа за рамноправен реформски натпревар со останатите, околу она што ги засега нашите општества и граѓани денес.“

Заменик министерот Масикас упати честитки за постигнатиот успех со Преспанскиот договор и потпишувањето на Пристапниот протокол во НАТО, подвлекувајќи дека истиот претставува инспиративен пример за Регионот и пошироко. Масикас го поздрави и направеното во клучните реформски области како дополнително охрабрување дека земјата се движи во вистинскиот правец и, во таа смисла, ја реафирмираше цврстата поддршка на Естонија за процесот на наша Европска интеграција.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија