Средба на Македонската и Бугарската академија на науките

Од:

Делегација на Македонската академија на науките и уметностите на чело со претседателот академик Владо Камбовски денеска во Скопје се сретна со претставници на Бугарската академија на науките предводени од претседателот на БАН, академик Стефан Воденичаров.

На состанокот е истакнато дека тимови на научни работници од двете академии во текот на 2014 година работеле на 33 заеднички проекти и оти проектните задачи се успешно реализирани.

– Исто така констатирано е дека, за жал, проектите се остваруваат со минимални финансиски средства само за покривање на неопходните материјални трошоци, се наведува во соопштението од МАНУ.

На денешната средба е прифатен и планот за соработка за 2015 година според кој ќе продолжи реализацијата на проектите и заедничкото чествување и одбележување на важни настани кои ги поврзуваат двата народа.

Би можело да ве интересира

Грозданов: Наместо стратегија за развој, МАНУ испорача исполнување на желби на поединци

Грозданов: Предлог Стратегијата на МАНУ за минерални суровини треба да биде одбиена

Македонија беше центар на европската хематолошка научна фела

А1он

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Евроинтеграциските процеси на државава е „комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи“, вели Попов

Попов: Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем