Средба на координаторите во Собранието во присуство на Шарл Мишел

Од:

Во Собранието се одржа средба на кооридинаторите на пратеничките групи на која присуствуваше и претседателкот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери на Фејсбук објави дека посетата на Мишел во моменти во кои, како што вели, се прават значителни напори за деблокирање на процесот на евроинтеграции и за официјално отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ е особено важна, особено во фазата кога францускиот предлог влегува во собраниска процедура.

-Средбата со координаторите ја реализиравме денес и имавме можност од прва рака да слушнеме охрабрувачки пораки разјаснување на нејасностите, не оставајќи простор за лажни вести и дезинформации. Отворениот разговор меѓу политичките чинители во државата е клучен за донесување суштински важни одлуки, напиша Џафери на својот фејсбук-профил.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски