ВИДЕО: Средба Груевски – Путин во Санкт Петерсбург

Од:

Премиерот Никола Груевски во Санкт Петерсбург се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

На средбата двајцата ги истакнале добрите политички односи кои владеат меѓу двете земји на севкупно ниво и односите кои се во нагорна линија.

Премиерот Груевски и претседателот Путин констатирале дека двете земји успешно се справија и се справуваат со последиците од глобалната економска криза, која е сериозен предизвик за сите земји од светот.

Соговорниците изразиле заложба и поддршка за продлабочувањето и интензивирањето на економските односи, зголемувањето на економската соработка на планот на инвестициите и трговската размена.

Меѓу клучните приоритети било разговарано за соработката во областа на гасификацијата и вклучувањето на Република Македонија во меѓународните коридори за пренос на гас, што би се отвориле нови перспективи за македонската економија.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка