Средба на Груби со хрватската амбасадорка Баришиќ

Од:

Пратеникот Артан Груби претседател на Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија се сретна со хрватската амбасадорка во Македонија, Данијела Баришиќ.

– Соговорниците разменија мислења за состојбата во Македонија и регионот, Евро-атланската перспектива, односите со соседите, законот за употреба на албанскиот јазик како и реформите. Хрватска е голем поддржувач на Македонија и Евро-атланските аспирации на Скопје. Пратеникот Груби од амбасадорката Баришиќ побара засилена поддршка од страна на Хрватска со цел поскоро зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ, се вели во соопштението од собраниската Комисија за европски прашања

Груби изразил целосна поддршка за постигнување на договорот за добрососедство со Бугарија како чекор кон постабилен и посигурен регион и, како што рекол, ќе ја охрабри Владата да ја има истата храброст и во надминувањето на спорот за името со Грција.

– Стратегијата на итно затварање на отворените прашања со соседите е добра стратегија за целиот регион, но во меѓувреме, Собранието и Владата треба да спроведат системски реформи и да го покажат новото лице на Скопје пред нашите меѓународни пријатели, истакнал Груби.

Во овој контекст тој истакнал дека, Комисијата за европски прашања успеала да постигне надпартиска хармонизација за Декларацијата за унапредување на интегративните и реформските процеси кои произлегуваат од Договор од Пржино која што ќе претставува столб за следните реформи.

Соговорниците разговарале и за јазичната еднаквост во согласност со Уставот и Охрискиот Договор, при што Груби ја запознал гостинката дека Законот за јазиците, веќе е усогласен и се чека усвојување од страна на Владата, за да продолжи постапката во Венецијанската комисија и во Собранието на Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски