Груби го прими Насер Зибери, му понуди соработка во Владата

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, денеска оствари средба со кандидатот за премиер во изборната кампања на ДУИ, Насер Зибери.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, Зибери му го честитал назначувањето на новата функција и посочил дека е отворен за соработка и го става на располагање своето знаење во насока на функционирање на новото Министерство и евроатланската перспектива на земјава.

Вицепремиерот Груби му се заблагодарил на Зибери за поддршката и го поканил да стане активен дел од структуирањето.

– Груби за време на оваа средба исто така рече дека секое искуство произлезено од интелектуалец како што е г. Зибери е добредојдено кога се знае дека тој беше главниот лик кој за време на последните парламентарни избори докажа дека еднаквоста во Република Северна Македонија не повредува никого, туку напротив помага да се создаде здрава демократија што и е потребна на земјата за да стане членка на Европската унија, се наведува во соопштението.

Соговорниците се согласиле дека договорот за оваа владина коалиција е значајна и истовремено претставува факторизација на Албанците во Владата за време на овој четиригодишен мандат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

ЗНАМ: Груби е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста