Средба на градоначалникот Мерко со невладиниот сектор во Струга

Од:

Градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко денеска имаше средба со претставници на невладиниот сектор на која дискутираа за претстојниот референдум што ќе се одржи на 30. септември и за придобивките од членството на Македонија во Европската унија и НАТО.

На средбата присуствуваа претставници од сите етнички заедници, кои според градоначалникот, дале поддршка за референдумското прашање.

– Невладиниот сектор во Струга го поддржува референдумот што ќе се одржи на 30 септември. Разменивме мислења и ставови и сите беа во една насока за одржување на референдумот и позитивен исход од него, изјави Мерко.

Евро-атланската интеграција, додаде тој, е битна за нашата иднина и просперитет.

– Со членството во НАТО и ЕУ локалната самоуправа ќе добие многу во инвестиции и развој. Ќе добијат студентите, ќе ги задржиме младите, ќе има повеќе инвестиции и ќе отвориме нови работни места, рече Мерко.

Тој ги повика стружани кои сеуште се двоумат за референдумското изјаснување, да излезат на 30. септември да ја дадат својата поддршка, за како што рече, европска Македонија.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски