Средба на градоначалникот Дамјановски со новоназначениот митрополит Јосиф

Од:

Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска во црквата „Свети Никола“, оствари средба со новоназначениот митрополит, досегашен епископ на новата Кумановско-осоговска епархија Јосиф.

На средбата Дамјановски ја потенцираше важноста за православните верници од формирањето на новата епархија со седиште во Куманово и од назначувањето на новиот митрополит.

– Посебна чест и задоволство ми е да му го честитам назначувањето на митрополит на Кумановско-осоговската епархија. Овој настан е исклучителено важен за нашето духовно живеење. Отворивме разговор за понатамошна соработка помеѓу локалната самоуправа и митрополитот, рече Дамјановски. Тој додаде дека најдобриот пат за промоција на мирот и толеранцијата е духовното живеење, особено за мултикултурна и мултирелигиозна средина како што е Куманово.

И митрополитот Јосиф се надева на успешна соработка со општината.

– Со одлука на светиот архиерејски Синод на Македонската православна црква претходната недела бев избран за надлежен митрополит во Кумановско осоговската епархија. Јас и претходно бев викарен епископ на блажено упокоениот митрополит Кирил, така што состојбите во овој дел на поранешната полошко- кумановска епархија ми се добро познати, рече митрополитот Јосиф.

Куманово, нагласи тој, првпат во историјата доби своја митрополија, што е придонес за христијаните.Митрополитот најави дека ги подготвува плановите за работата во новата Кумановско-осоговска епархија.

ФОТО: kumanovonews

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена