Средба на Џафероски со Иштван Дукс

Од:

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија Ласло Иштван Дукс.

Како што соопштија од ДЗС, на средбата Џафероски се заблагодарил за опремата за спасување од поплави што Владата на Република Унгарија ја донираше за време и после поплавите во скопскиот регион, во август 2016 година.

Имајќи го предвид искуството на Унгарија во заштитата и спасување, директорот Џафероски изразил желба да се интензивира соработката со Националната Дирекција за справување со кризи на Унгарија, во рамките на билатералнот договор помеѓу двете влади, за соработка и меѓусебна помош во случај на катастрофи, потпишан во 2009 година, а ратификуван во Собранието на РМ во 2010.

– Амбасадорот Дукс предложи можност за проширување на соработката и во споделување на нивните искуства со кои тие се стекнале при спроведувањето реформи на унгарскиот систем за заштита и спасување, кој сега прераснал во софистициран систем, со имплементирани стандарди на Европската унија и со висок степен на подготвеност за одговор на современите предизвици, се вели во соопштението на ДЗС.

На средбата се разговарало на теми на кои ќе се работи во иднина и кои ќе овозможат Дирекцијата за заштита и спасување да ги зајакне своите капацитети и да стане рамноправен партнер.

Би можело да ве интересира

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се потребни силни вооружени сили

Се преврте полски автобус во Унгарија: 12 мртви, возачот е уапсен

Катерина Ѓуровски

Падот на производството во нуклеарната централа Пакш го загрозува форинтот

Бака ја прифати номинацијата за претседател на Унгарија

Унгарски: Унгарија се соочува со пет најкритични денови

Можна енергетска криза во Унгарија поради падот на водостојот на Дунав и запирањето на работата на електраната „Пакш“

А1он