Средба на Џафери со шведскиот амбасадор Стафансон

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска Матс Стафансон, кој му го честиташе изборот на функцијата претседател на Собранието и изрази искрени очекувања дека политичкиот и законодавниот процес во државата набрзо ќе се вратат на вообичаените патеки.

Амбасадорот, како што соопштуваат од собраниската прес-служба, ја подвлече натамошната подготвеност на Кралството Шведска потесно да соработува на билатерален план, особено меѓу парламентите на двете земји и во таа насока му врачи на Џафери покана од спикерот на Шведскиот Рикстад за официјална посета на есен на Кралството Шведска на петчлена собраниска делегација предводена од него, која како прва официјална посета ќе претставува силен импулс на континуитетот на пријателските односи меѓу двете држави.

Џафери, заблагодарувајќи се на поканата, истакна дека Шведска е поим на демократија, слобода и високо ниво на парламентарна култура, а билатералните односи меѓу Република Македонија и Кралството Шведска со ова, како што наведува, уште еднаш, ќе ги потврдат зрелоста и интензитетот. Особено, додава, поради фактот што во Шведска постои голема македонска дијаспора, која повеќе децении и преку повеќе генерации живее, работи и активно придонесува во економскиот и социјалниот живот на земјата.

На средбата се разменети видувања за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за уставната обврска на Претседателот на Република Македонија за доделување на мандат за формирање на влада, за следните активности на Собранието поврзани со тој процес, при што Џафери информирал и за денешната координација со претставниците на парламентарните партии околу локалните избори.

Изразувајќи поддршка на натамошната поблиска меѓупарламентарна соработка, соговорниците се согласија дека воспоставените пријателски односи треба да се негуваат со силна посветеност и меѓусебна доверба.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска