Средба на Џафери со координаторите на пратеничките групи

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери одржува средба со координаторите на пратеничките групи. Џафери, како што најавија од неговиот Кабинет, во 14:00 часот ќе одржи прес-конференција.

До Собранието синоќа беше доставен Предлог-законот за одложување на пописот, што беше усвоен на седница на Владата. Пратеничките групи вчера до Собранието доставија измени на Изборниот закон во коишто се предвидува употреба на фингерпринт на локалните избори, како и пролонгирање на локалните избори за втората половина на октомври, поради одложување на пописот за септември.

Се очекува по оваа средба да се знае кога ќе се одржи седница за усвојување на овие закони. Претседателот на Собранието Џафери за МИА претпладнево рече дека седница ќе биде закажана согласно процедурите односно Деловникот на Собрнаието и Уставот.

Одложувањето на пописот и локалните избори, како и употребата на фингерпринтот и одблокирање на други закони во Собранието беше договорено на средбата на лидерите на двете најголеми партии во земјата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он