Средба на Џафери со генерал-мајот Креј од Националната гарда на Вермонт

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска имаше средба со Делегација на Националната гарда на Вермонт, предводена од генерал-мајорот Стивен Креј.

Како што соопшти Кабинетот на Џафери, на средбата била поздравена успешната соработка меѓу припадниците на АРМ и Министерството за одбрана на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт, која се одвива преку Партнерската програма од 1993 година и на која учествувале над 4.500 припадници на МО и АРМ во обуки за исполнување на НАТО стандардите.

Како особено успешна беше оценета мисијата „Феникс10“ во Авганистан во 2010 година, каде припадниците на АРМ како дел од наменските сили извршуваа најсложени задачи рамо до рамо со американските партнери и беа оценети со највисоки оценки.

Џафери ги информирал гостите и за моменталната состојба и тековните активности на Собранието, а се осврнал и на едногласната поддршка на пратениците за Одлуките за распоредување војници во Мировните мисии на НАТО и високата поддршка на јавноста за членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Претседателот на Собранието искажал надеж дека 2018 година ќе биде година на позитивни настани во Република Македонија, меѓу кои и полноправно членство во НАТО.

Според соопштението, генерал-мајорот Креј истакнал дека Република Македонија е тесно поврзана со НАТО и има целосна и силна поддршка од САД на нејзиниот пат кон полноправно членство во Алијансата.

Соговорниците, како што стои, размениле мислења за поголемиот број планирани активности во сферата на одбраната за 2018 година и изразиле надеж дека извонредната билатерална соработка, која е пример за соработка меѓу пријателските земји, кои се и стратешки партнери, ќе продолжи и во иднина.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он